(ВИДЕО) ВРЕМЕТО ЗА БЕБИЊАТА ВО ГАЗА ИСТЕКУВА

На одделот за интензивна нега во болницата Шифа во Газа времето за бебињата истекува. Енергијата е пред крај, нема чиста вода, нема храна.

Ако нема да има ресурси, медицинските уреди ќе застанат, а бебињата ќе ги загубат животите.

Да потсетиме денеска е 15-ти ден од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас и од прогласувањето на воена состојба во тој дел од светот.

Досега од двете страни загинаа повеќе од 5.300 луѓе, додека 18.000 се повредени.