ВИДЕО | ВУЛКАНОТ СЕ БУДИ !? Исланд ја затвора популарната атракција, а земјата е во исчекување: “Повеќе од 2.000 земјотреси за два дена!“

Светски познатата геотермална бања „Blue Lagoon“ во Исланд е затворена една недела поради најновата сеизмичка активност во близина на локацијата. Според исландската метеоролошка служба, во четвртокот биле регистрирани околу 1.400 земјотреси и уште 800 земјотреси во првите 14 часа од петокот, објави CNN.

Седум од земјотресите во четвртокот биле со магнитуда од четири степени или поголеми, со епицентри на полуостровот Рејкјанес, во близина на аеродромот и планина источно од Blue Lagoon. Најсилниот земјотрес бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, западно од Шорбјорн, планина која се наоѓа на околу еден и пол километар јужно од Blue Lagoon.

Ова е најголемиот земјотрес од почетокот на активностите на 25. октомври“, предупредија властите, додавајќи дека сеизмичката активност може да се очекува да продолжи на полуостровот Рејкјанес бидејќи магмата продолжува да се акумулира, што предизвикува зголемена тензија во областа.

Blue Lagoon

Портпаролот на локалниот туристички одбор изјави дека потресите можеле да се почувствуваат дури до Рејкјавик. Засега се јавуваат исклучиво на истото подрачје и на длабочина од околу пет километри под нивото на земјата.

Исто така, се нагласува дека ерупцијата на вулканот не е неизбежна, бидејќи фактот што сега има посилни земјотреси од порано во областа – не значи зголемена стапка на акумулација на магма.

Може да се очекуваат земјотреси со јачина до 5,5 Рихтер бидејќи акумулацијата на магмата продолжува под земја. Во оваа фаза, нема индикации дека магмата се пробива на површината“ – информираат тамошните власти.

Претставник на Исландската Агенција за цивилна заштита се упати кон Гриндавик за да се подготви терен за потенцијална евакуација на градот во случај на магма што изгледа дека ќе стигне на површината.

RÚV, јавниот радиодифузер на Исланд, има пренос во живо од областа.

Blue Lagoon е дел од полуостровот Рејкјанес на југозапад од Исланд, каде што се наоѓа главниот исландски аеродром „Кефлавик“. Иако Исланд е една од најактивните вулкански области на Земјата, за полуостровот Рејкјанес е воведена само жолта тревога поради ризик од ерупција.

Според портпаролот на Visit Reykjanes, локалниот одбор за туризам, сегашната активност е слична на онаа што и претходеше на минатогодишната ерупција на вулканот Фаградалсфјал, околу 217 километри југозападно од Blue Lagoon.

Фаградалсфјал еруптира три години по ред, а последната ерупција се случи на крајот на јули. Кога планинарските патеки беа повторно отворени во август, посетителите беа предупредени да не одат по сè уште жешката лава.

Blue Lagoon“ за време на ерупцијата на вулканот Фаградалсфјал во 2021 година

Не постои начин точно да се предвиди дали, каде или кога сеизмичката активност може да резултира со вулканска ерупција“, вели менаџерот на Visit Reykjanes.

Тој додава дека сме сведоци на неверојатен природен настан во реално време кој може да се случи само еднаш во животот, но во исто време не може да се контролира.

Мораме да го почитуваме и да му дадеме простор. Вулканската активност е дел од животот на Исланд, а Исланѓаните научија да живеат со нејзините недостатоци и значајни предности, како што е геотермалната енергија“, смета тој.

Blue Lagoon“ за време на ерупцијата на вулканот Фаградалсфјал во 2021 година

Иако земјотресите се во релативно изолиран дел на Исланд, посетителите на полуостровот можеби ќе треба да ја прилагодат својата дневна маршрута.

Доколку дојде до ерупција, ќе се испраќаат предупредувања до сите мобилни телефони во областа – не само за локалните жители, туку и за странците.

Blue Lagoon“, спа центар, хотелите и рестораните се затворени од 9. ноември, а треба да бидат отворени на 16. ноември. Нивниот портпарол вели дека основната причина за мерките на претпазливост е да се даде приоритет на безбедноста и благосостојбата на гостите и персоналот.

вулканИсландРејкјанесФаградалсфјал