ВИДЕО | Германија и го врти грбот на Украина !? Олаф Шолц со ‘чудна’ порака до Владимир Путин: “Нема да им испраќаме проектили за напад на Русија!“

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата земја нема да испорача ракети со долг дострел на Украина поради загриженоста дека тоа може да доведе до ескалација на војната доколку Киев одлучи да ги искористи за напад на руска територија.

Во големото интервју за државниот ТВ канал ARD, канцеларот директно одговори на прашањето зошто властите во Берлин одбиваат да и испорачаат крстаречки ракети со долг дострел на Украина.

Внимателно ги разгледуваме сите барања што ги добиваме за испорака на оружје. Но, за нас постои принцип, кој го споделувам со претседателот на САД, а тоа е дека не сакаме оружјето што го доставуваме да се користи за напад на руска територија“, вели Олаф Шолц.

Олаф Шолц и Володимир Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наводно побарал испорака на шведско-германски ракети од типот KEPD 350, кои се лансираат од воздух, носат боева глава тешка 500 килограми и имаат дострел од 500 километри, на средбата со Олаф Шолц во мај.

Доколку Киев ги добие овие проектили, би можел да ги искористи за напад на Москва, која е нешто повеќе од 500 километри од границата со Украина.

Од почетокот на конфликтот, НАТО, предводен од САД, ја поддржува Украина со повеќекратни испораки на оружје. Пред почетокот на украинската контраофанзива беа испорачани модерни тенкови. Спротивно на очекувањата, офанзивата напредува бавно, додека барањата за испорака на ново, помоќно и посмртоносно оружје не престануваат да доаѓаат од Киев.

Досега само Велика Британија ја снабдува Украина со ракети од долг дострел Storm Shadow, кои Киев веќе ги користеше за напади на руска територија. Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека неговата земја ќе испрати и ракети SKALP-EG, но не се знае дали се испорачани.

Wall Street Journal неодамна објави дека Вашингтон размислува да испрати ракети ATAKMS во Киев во нова рунда воена помош, произведени од американска приватна компанија, кои имаат дострел до 300 километри и можат да бидат лансирани од повеќецевни ракетни фрлачи кои веќе Украина ги поседува.

војнаГерманијаОлаф ШолцоружјеРусијаУкраина