Манекенката Хајди Клум со своите следбеници сподели видео-снимка од излегување односно прославата по повод објавувањето на новата песна на пејачката Ким Петрас и раперката Ники Минаж.
Со мелодијата и текстот на песната „Alone“ познатата манекенка заигра во прилично провокативно издание. Со грб свртен кон камерата, таа ја покажа црната танга со златни детали, кои ги откриваше светкавиот фустан.
49-годишната Хајди Клум сподели неколку фотографии од прославата на која Ким Петрас за прв пат ја отпеа песната во живо.
Германската манекенка неодамна објави уште попровокативна фотографија на Велигден кога позира со зајачешки уши, облечена само во бикини.