Гола жена предизвикала голема паника на фреквентниот мост што ги поврзува калифорниските градови Сан Франциско и Оукленд, откако излегла од својот автомобил и започнала да пука во возилата што доаѓале од спротивната страна.
Како што објави медиумот ABC7, пукањето се случило во вторникот и за среќа никој не е повреден, а жената е уапсена.
Се наведува дека полицаец со име Мајкл Крафорд и неговиот колега заминувале од работа со автомобил преку тој мост и наишле на автомобили кои биле паркирани дијагонално на таков начин што блокирал неколку ленти од патот.
„Слушнав дека нешто пукна, ја видов како шета и повторно го слушнав и си помислив: Ох, тоа е пиштол, навистина е пиштол“, рекол во тој момент Мајкл Крафорд на својот колега.
Тој изјавил дека се прашувал што да прави во тој момент.
„Што да правам ? Не можеме само да останеме овде, ние сме беспомошни мети, единственото нешто што не штити е ветробранското стакло“, изјави полицаецот за локалните медиуми.
Се вели дека голата жена која го предизвикала хаосот застанала на мостот, излегла од автомобилот и почнала да им вика на другите возачи додека држела остар предмет.
Потоа се вратила во автомобилот, се упатила до просторот пред наплатната рампа и повторно излегла, но овој пат со пиштол во раката.
„Викаше на други возила, почна да пука во воздух, а потоа и кон други возила кои се обидуваа да поминат покрај неа“, изјавил портпаролот на полицијата Ендрју Баркли за американските медиуми.
Потпаролот додал дека полицајците успеале да ја смират и да ја убедат да го остави оружјето и да се предаде.
Се наведува дека жената била пренесена во болница на психијатриска евалуација.