ВИДЕО | Голема ‘чистка’ во родниот град на Владимир Путин – рација во седиштето на Вагнер, маскирани и вооружени единици пред имотите на Евгениј Пригожин во Русија – погледнете!

BBC јавува дека се чини дека руските безбедносни сили извршиле рација во седиштето на приватната воена компанија Вагнер во сопственост на Евгениј Пригожин во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

Британскиот медиумски сервис се повикува на информациите на локалниот медиум Fontanka.

Припадници на безбедносните сили влегле во седиштето на приватната воена компанија Вагнер на улицата Золнаја“, објави Fontanka, а пренесе BBC.

Се наведува дека пред таа зграда пристигнале два автобуса со припадници на интервентната полиција и Националната гарда, кои влегле заедно со лица во цивилна облека.

Fontanka веста за рацијата ја објави на нејзиниот канал на социјалната мрежа Телеграм, а се тврди дека луѓе со маски и вооружени со автоматски пушки се распоредени во близина на мостот Благовешченск, каде што има хотел и ресторан поврзани со Евгениј Пригожин.

На социјалните мрежи беа објавени видеа од влегување на припадници на руските безбедносни сили во седиштето на центарот Вагнер и фотографии од вооружени мажи во близина на имотите поврзани со Евгениј Пригожин.

Владимир Путин утрово вонредно и се обрати на нацијата откако Вагнер на Евгениј Пригожин ја презедоа контролата врз руските градови Ростов на Дон и Воронеж.

Обидот да се предизвика раскол во општеството е удар во грб“, кажа видно вознемирениот Владимир Путин во своето обраќање, додавајќи дека преголемата амбиција на Евгениј Пригожин доведе до предавство на Русија.

ВагнерВладимир ПутинвојнаЕвгениј ПригожинРусијаСанкт ПетербургУкраина