(ВИДЕО) ГОЛЕМО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – Жена покажала сметка од 2020 година и ги споредила цените: „Порано беше 10 долари, но сега…“

СЕКОЈ што стапнал во продавница во последната година знае дека работите се многу поскапи отколку што биле порано. Инфлацијата ја погоди не само Македонија, туку и целиот свет, а една Американка открила колку и се зголемила сметката за пазарење за три години.


На својот профил на TikTok, Американката Ејми објавила видео во кое ги споредува цените во продавница од купувањето што го направила во 2020 година со цените на истите артикли сега во 2023 година.
„На крајот на 2020 година, отидов во Волмарт и ги купив сите овие работи за 10,09 долари (околу 9 евра) и направив оброци за една недела за едно лице“, рекла таа, покажувајќи ја сметката.

Поскапување од 50%
„На почетокот на 2022 година многу се зборуваше за инфлација во трговијата, па се вратив назад и ги купив сите тие исти работи и ме чинеа околу 10% повеќе.
Се вратив повторно оваа недела и ги купив истите артикли. Сега чинат 15,10 долари, што е околу 50% повеќе од цените на крајот на 2020 година“, открила таа.
„Внимавам на цените и многу цени знам напамет. Во последно време секогаш кога одам во продавница забележувам поскапувања и тоа ме поттикна да направам видео со споредба на цените“, објаснува таа.
„Поскапувањето што најмногу ме изненади беше за сувиот грав. Порано беше 1 долар, а сега е 1 долар и 24 центи. Оризот и гравот се стереотипно евтина храна, но и двете поскапеа од минатата година“, заклучила таа.