ВИДЕО | ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ЈА ПОМИНА СРБИЈА И СЕ УПАТУВА КОН МАКЕДОНИЈА – Белград поплавен, ветерот откорнал многу дрвја, а луѓето се качувале на автомобилите за да избегнат катастрофа – погледнете!

Големо невреме го зафати главниот град на Србија, Белград, во саботата околу 14 часот. За краток период наврна големо количество дожд и предизвика неколку поплави на одредени места, а во некио области паднал и град, пишува Blic.rs.

Хидрометеоролошкиот завод на Србија (РХМЗ) во сабота во 16 часот и 50 минути издаде вонредни предупредувања за централниот и североисточниот дел на земјата, наведувајќи дека во следниот час ќе врне дожд од 20 до 40 милиметри во окрузите Браничевски и Поморавски и дека е можно во текот на следните два часа да падне град и да дува засилен и бурен ветер.

Белграѓани кои биле во своите автомобили кога дождот ја зафатил српската престолнина не можеле слободно да се движат поради водата на патиштата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како маж се качува на покривот на својот автомобил за да се спаси од поплавата.

Силниот ветер што дуваше во Белград успеа да оштети покриви на некои станбени згради на повеќе места. Оштетен е и покривот на Математичкиот факултет на Универзитетот во Белград. Во општина Борчи, северно од Белград, имало град со големина на тениски топчиња.

Градоначалникот на БелградАлександар Шапиќ им порача на своите сограѓани да не излегуваат од домовите додека трае невремето.

Авиокомпанијата Air Serbia соопшти дека е можно поради привремен прекин на струја на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и забрана за полнење гориво, да има доцнења, па дури и откажувања на планираните летови.

БелградневремеСрбија