Рускиот независен он-лајн дневен весник Insider објави видео од штетите на мостот на Крим утрово.
Весникот The Guardian јавува дека еден дел од мостот наменет за патен сообраќај исчезнал и дека се чини дека паднал во вода.
Се вели дека снимката е земена од воз кој возел на соседниот железнички мост, кој бил неоштетен.
The Guardian наведува дека оваа снимка ја прикажала и руската телевизија Krim24, кој е многу лојална на Кремљ.
Се наведува дека Вјачеслав Гладков, гувернерот на руската област Белгород, на социјалната мрежа Телеграм објавил дека за време на „вонредната ситуација“ на мостот на Крим, во автомобил што бил пронајден таму загинале маж и жена, а нивната ќерка била ранета.
The Guardian објави дека неколку украински медиуми се повикуваат на неименувани извори кои тврдат дека безбедносните служби на Украина и нејзината морнарица стојат зад инцидентот.