Во Њујорк избувна пожар во познатата зграда „Tiffany & Company“ на фамозната „Петта авенија“ во областа Менхетен, која неодамна беше реновирана.
Daily Mirror пренесува дека се уште не е позната причината за пожарот, ниту пак дали има повредени во несреќата.
На снимката објавена на социјалната мрежа Твитер се гледа како пожарникарите од Њујорк се обидуваат да го изгаснат пожарот.
За потсетување, зградата неодамна повторно беше отворена за јавноста односно во април по долго и скапо реновирање, а на отворањето присуствуваа ѕвезди како Кејти Пери, Хејли Бибер и Блејк Лајвли.
Компанијата LVMH, која е сопственик на луксузни светски модни брендови, ја купи оваа зграда во 2021 година за 16 милијарди долари.
Се проценува дека неговиот сопственик Бернард Арно, моментално најбогатиот човек на светот, вложил дополнителни 500 милиони долари.
Магазинот Forbs го проценува богатството на Бернард Арно на 211 милијарди долари.