Кога пристигна од Ајакс за 100 милиони евра, навивачите на Манчестер Јунајтед во Бразилецот Ентони видоа некој кој ќе го врати клубот на врвот на англискиот и европскиот фудбал.
Наместо тоа, доживеаја огромно разочарување, а Бразилецот стана еден од најомразените играчи во моментов на „Олд Трафорд“. Затоа на многу навивачи не им беше јасна одлуката на тренерот Ерик Тен Хаг да го вклучи во стартниот список пред натпреварот со Фулам.
Бразилецот уште еднаш не импресионираше со својата игра, никогаш не успеа да ја пробие одбраната на Фулам, а навивачите посебно го истакнуваат деталот од 18. минута кога најпрвин се обиде со лоша пета да им ја испрати топката на соиграчите, а потоа се лизна во контра нападот на Фулам. Поради ваквата лоша игра, беше заменет во 63. минута.
Погледнете го тој момент – ТУКА
Сепак, навивачите на Манчестер Јунајтед имаат барем малку причини за задоволство бидејќи славеа со голот на Бруно Фернандеш за 1:0 на крајот од натпреварот.