Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави видео-снимка од својот пријател и партиски лидер, Али Ахмети, на која се гледа како претседателот на ДУИ со музика го прославува својот роденден.
„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината“, стои во описот на видео-снимката споделена од Артан Груби со која тој му го честиташе роденденот на Али Ахмети, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.
На видео-снимката поркај Али Ахмети се гледа уште едно лице, но секако и музичари кои свират албанска народна песна. На снимката се забележува и чад, а истиот е најверојатно од цигари.
„Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години“, гласеше честитката на Артан Груби до својот партиски лидер.
Али Ахмети, за потсетување ја основа партијата Демократската унија за интеграција (ДУИ) и станува нејзин претседател, а со нејзе е на власт речиси од самото нејзино формирање. Од есента 2002 година ДУИ победува на избори, Али Ахмети е избран за пратеник и оттогаш до денес ДУИ речиси без прекин е дел од владите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Али Ахмети е роден во кичевското село Зајас на 4. јануари 1959 година и денес полни 65 години.