Градоначалникот на главниот град на Србија, Белград, Александар Шапиќ, повторно стана хит на социјалните мрежи откако застана пред камерите на телевизијата N1 и го кажа своето мислење за известувањето на телевизијата.
Тој зборуваше односно рефлектираше како гледа на најавата т.е. стартот на дневникот на N1 во 19 часот.
„Но, не е се црно. Знаете што, кога ќе почне вашата најава за дневникот: ду, ду, ду, ду, ду, ду, ду, ду, ду – мислам дека започнува војна. Вие создавате немир. Мајко родена, вие носите немир, кажувате дека се е црно, се е темно, се е најлошо… Па не е баш така“, вели Александар Шапиќ во видеото кое ги „бутна“ социјалните мрежи во регионот.
Видео-снимката од овој момент можете да ја погледнете ОВДЕ.
Да потсетиме, ликот и делото на Александар Шапиќ и претходно беа вирални на социјалните мрежи. Минатиот месец тој изјави дека тоа што на улиците на Белград има 5.000 бездомници е доказ дека градот под негово раководство станал метропола.
„Фактот што на улиците на Белград има 5.000 бездомници е доказ дека Белград стана европска метропола, бидејќи најбогатите градови имаат проблем со бездомниците“, изјави тогаш Александар Шапиќ.