Романскиот советник на социјалдемократите (ПСД), Алберто-Иосиф Карајан, ги насмеал своите колеги појавувајќи се гол на онлајн состанок.
Тој завршил со туширањето во моментот кога колешката која претседавала со состанокот го повикала да се обрати. Таа се обидувала да се воздржи од смеење, а еден од присутните му кажал да ја исклучи камерата.
„Не можам да ја исклучам. Се извинувам. Не знам како да ја исклучам“, изјавил Алберто, а потоа го прекинал повикот и повторно се јавил откако се облекол.
Тој на Фејсбук повторно им се извинил на сите поради оваа смешна ситуација.
„Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената на тоа што се брзав. Жал ми е поради овој ‘инцидент’“, напишал Карајан на Фејсбук.
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, каде насмеа многумина, но некои корисници му упатиле и критики.
„Како технологијата си игра со тебе кога треба да бидеш на работа? Граѓаните те плаќаат. Кој уште го има овој луксуз, Алберто? Некои луѓе работат со часови без пауза“, навел еден корисник на Фејсбук.
„Сите правиме грешки“, додал друг.