Додека целиот свет ги следи информациите дека основачот и лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, наводно загинал во авионска несреќа, претседателот на Русија, Владимир Путин е на концерт, пишува Sky News.
Владимир Путин учествувал на настан посветен на 80-годишнината од победата на советските трупи во битката кај Курск.
Некои експерти сугерираат дека токму Владимир Путин би можел да стои зад несреќата во која загинаа 10 лица, но тоа, се разбира, не е потврдено, а причината за авионската несреќа, во која Евгениј Пригожин беше придружуван од неговата десна рака Дмитриј Уткин, сè уште е непозната.