Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русите поставиле нешто што изгледа како експлозивна направа во најголемата нуклеарна централа во Европа – Запорожје.
Во видеото објавено на социјалната мрежа Твитер, Володимир Зеленски вели:
„Сега имаме информации од нашата разузнавачка служба дека руската Армија поставила предмети што личат на експлозив на покривот на неколку енергетски единици на нуклеарната централа Запорожје, можеби за да симулира напад на централата. Можеби имаат друго сценарио. Но, во секој случај, светот гледа, не може а да не види, дека единствен извор на опасност за нуклеарната централа е Русија и никој друг. Обврска на сите во светот е да го запре ова зло, никој не може да стои настрана бидејќи радијацијата влијае на сите“, тврди Володимир Зеленски.