Последните минути од натпреварот помеѓу Екселзиор и фудбалерките на Ајакс се вистински хит на социјалните мрежи. На Интернет кружат снимки од победата од 3:1 на женската екипа на Ајакс во нивниот прв натпревар од холандското првенство, но од бизарна причина.
Имено, во шестата минута од судиското надополнување, Роме Лехтер, го комплетираше хет-трикот на многу чуден начин… Главната фудбалерка на гостинскиот тим изведе слободен удар од околу 20 метри и ја затресе стативата. Голманката на Екселзиор, воедно и капитенката Иса Потоф, веќе тргна да ја земе новата топка, но не забележа дека играта се уште трае. Имено, ударот на Роме Лехтер ја погоди стативата, топката се одби високо во воздух и доби таква ротација што само слета во мрежата.
Роме Лехтер тргна да го прослави голот кој на крајот ја отстрани сета драма, а на Иса Потоф не и беше јасно што се случува. Соиграчите само што почнаа да се фаќаат за глава, а како изгледаше сето тоа можете да видите ТУКА.