Новак Ѓоковиќ продолжи да доминира во светот на тенисот.
Српскиот ас ја освои титулата на Мастерсот во Париз победувајќи го Григор Димитров во два сета, а по финалниот натпревар ја воодушеви цела планета.
Прво, тој беше главен „актер“ во спречување на трагедија кога група обожаватели за малку ќе прегазеа девојка, која потоа самиот Новак Ѓоковиќ ја тешеше, а потоа тој остави спомен до крајот на животот на друго дете.
Едно девојче побарала автограм од Новак Ѓоковиќ, а тој ја покажал сета своја големина. Застанал, разговарал со неа и снимката од нивната средба стана најслаткиот момент на Мастерсот во Париз, а видеото од тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Набргу, снимката од нивниот разговор стана вирална и ја обиколи планетата и ги воодушеви обожавателите во секој агол на светот.