ВИДЕО | “ДАЈТЕ ВИНА, ХОЧУ ЛОМ…“ – Димитар Ковачевски во друштво на Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ пееше српски народни песни во кафана: “Да живее пријателството!“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по свеченото отворање на вториот меѓународен саем за вино – „Wine Vision of the Open Balkans“ во Белград и билатералните средби што ги имаше заедно со претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, заминаа на вечера во ресторан во срцето на српската престолнина.

На официјалниот профил на социјалната мрежа Инстаграм на Александар Вучиќ, беше објавено хит-видео од ресторанот, а претседателот на Србија заедно со премиерот на Македонија и претседателот на Црна Гора ја пееја добро познатата српска народна песна „Дајте вина, хочу лом“ од Харис Џиновиќ.

Јаков Милатовиќ, Александар Вучиќ и Димитар Ковачевски

На видеото кое го „запали“ регионот, нашиот премиер Димитар Ковачевски е видно расположен со чаша вино во раката пеејќи ја добро познатата песна, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Да потсетиме, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходната вечер учествуваа на отворањето на вториот меѓународен саем за вино „Wine Vision of the Open Balkans“, а беше забележано отсуството на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на отварањето се придружи преку видео-врска.

На церемонијата присуствуваат бројни достоинственици од регионот и светот.

Александар ВучиќДимитар КовачевскиЈаков МилатовиќМакедонијаОтворен БалканполитикаСрбијаЦрна Гора