Лионел Меси постигна гол од слободен удар длабоко во судиското продолжение во неговиот прв натпревар за Интер Мајами, гол со кој неговиот клуб стигна до победа со резлутат од 2:1 над мексиканскиот Круз Азул на отворањето на Лига Купот.
Лионел Меси влезе од клупата во 55. минута бидејќи досега имаше само три целосни тренинзи со новиот клуб. Во 93. минута заработи прекршок на 20. метри и изведе одличен слободен удар со левата нога за победа на домаќините.
Со својот гол Лионел Меси ја ‘бутна’ во ‘транс’ публиката на стадионот „Форт Лодердејл“, вклучувајќи ја НБА ѕвездата ЛеБрон Џејмс, тенисерката Серена Вилијамс и медиумската личност т.е. најпознатата старлета Ким Кардашијан. Ова воедно беше и прва победа на Интер Мајами од 23. мај.
Лига Купот е нов летен турнир, на кој за прв пат учествуваат 47 клубови од МЛС и мексиканската лига.
Лионел Меси пред овој натпревар одработил само три тренинзи со својот нов клуб.
„Повторно имам страст и огромна желба за фудбалот. Сакам да направам се што можам за да му помогнам на мојот клуб на патот кон успехот“, изјавил 36-годишниот Лионел Меси по победата.