ВИДЕО | Демонстранти ја запалија амбасадата на Шведска во Багдад, над зградата се издигнал огромен чад: “Ова е одмазда за палењето на Куранот!“ – погледнете

Стотици демонстранти упаднаа во шведската амбасада во Багдад во четвртокот рано наутро и ја запалија, објави медиумската агенција Reuters.

Извор на медиумската агенција вели дека нема повредени вработени во амбасадата, а официјални лица од шведската амбасада во Багдад допрва треба да го коментираат инцидентот.

Протестот бил организиран од приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада Садр поради палењето на муслиманската света книга Куранот во Шведска. Се посочува дека ваквите работи во минатото довеле до големи протести и осуди во земјите со мнозинско муслиманско население.

Некои видеа покажуваат чад што се издига од зграда во комплексот на амбасадата. Reuters истакнува дека не можат самостојно да ја потврдат автентичноста на видеото.

Исто така, се уште не е познато дали имало некој во амбасадата во моментот на нападот.

амбасадаБагдаддемонстрацииШведска