Новак Ѓоковиќ со многу мака стигна до второто коло на Австралија Опен, а на натпреварот против хрватскиот тенисер, Дино Прижмиќ, Србинот доби неочекуван предлог – понуда за брак!
Имено, во текот на четвртиот сет, во моментот кога Новак Ѓоковиќ водеше со 4:1 и сервираше, едно лице извика од трибините:
„Омажи се за мене!“.
Новак Ѓоковиќ се насмеа, а потоа со потсмев одговори:
„Јас сум оженет!“.
Новак Ѓоковиќ доби аплауз од трибините, ги насмеа сите и видеото набрзо стана вирално. Но, тоа се одрази на неговата концентрација, бидејќи токму во тој гем Дино Прижмиќ успеа да направи брејк и да се врати во четвртиот сет. Но, сепак на крајот Новак Ѓоковиќ успеа да победи и да се пласира во второто коло на Австралија Опен.