Во второто коло од новата НБА сезона, кое понуди 11 натпревари, повторно се истакна едно име – Лука Дончиќ.
Во победата на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс (125:120), прекрасниот Словенец постигна 49 поени (16/25 од поле, 9/14 тројки), заедно со десет скока и седум асистенции, меѓу кои и клучна тројка на 26 секунди пред крајот на натпреварот.
Додека времето за напад истекуваше, Лука Дончиќ упати необична тројка и со помош на таблата постигна неверојатен кош, а неговата „магија“ можете да ја погледнете ОВДЕ.
За неговата добра игра докажува фактот што не загуби ниту една топка во натпреварот. Ова е втора победа за Далас Маверикс оваа сезона, а Лука Дончиќ во првите два натпревари има просек од 41 поен, 11,5 скока и 8,5 асистенции, што веќе ја означува неговата кандидатура за највредното признание за најдобар кошаркар во лигата на почетокот на сезоната.