ВИДЕО | ДОНАЛД ТРАМП ДАДЕ МЕГА-ИНТЕРВЈУ ПРЕД ДА ЗАМИНЕ ВО ‘ЗАТВОР’ – Поранешниот претседател на САД одговори на прашањето дали во Америка ќе се случи граѓанска војна!

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, даде интервју со Такер Карлсон, поранешен водител на Fox News, во пресрет на неговото предавање на властите во затворот во округот Фултон во Џорџија, а во него зборуваше за можноста за политичко насилство во САД.

Угледната вашингтонска веб-страница Hill објави дека Доналд Трамп во интервјуто, кое синоќа беше емитувано за време на дебатата на останатите републикански претседателски кандидати на социјалната мрежа Х (Твитер), рекол дека страста и омразата во САД достигнале невидени размери и дека – „веројатно ова не е добра комбинација“.

Доналд Трамп реши да ја прескокне дебатата на кандидатите за номинација на Републиканската Партија за претседателските избори во 2024 година, која штотуку ја организираше Fox News, а неговото интервју со Такер Карлсон почна намерно да се емитува само неколку минути пред да започне дебатата.

Такер Карлсон и Доналд Трамп

Такер Карлсон го прашал Доналд Трамп дали мисли дека САД се движи кон отворен (внатрешен) конфликт.

Никогаш не сум видел толкав дух и толку страст, а исто така никогаш не сум видел, во исто време, од истите луѓе, толкава омраза за она што и е направено на нашата земја“, рекол Доналд Трамп.

Кога Такер Карлсон потоа го прашал дали мисли дека САД се упатени кон „граѓанска војна“, Доналд Трамп се осврнал на насилството што избувна на 6. јануари 2021 година во Капитол Хил кога неговите приврзаници маршираа кон зградата на Капитол за да извршат притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс да ја запре потврдата за победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори.

Има голема страст и голема љубов. Знаете, 6. јануари беше многу интересен ден бидејќи тие (медиумите) не известуваат соодветно за тоа. Верувам дека тоа беше најголемата маса луѓе на кои некогаш сум им се обратил“, рекол Доналд Трамп, додавајќи дека „многу мала група“ од нив го нападнале Конгресот.

Федерална управа за авијација на САД (ФАА) денес нареди затворање на воздушниот простор над затворот во округот Фултон во државата Џорџија во очекување на предавањето на Доналд Трамп.

Newsweek пишува дека окружните власти очекуваат Доналд Трамп, кој е обвинет за заговор да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во Џорџија во 2020 година, да се појави во затвор во вечерните часови.

Доналд ТрампполитикаСАД