Тиктокерката Кејси Гудин објави видео кое за краток временски период „собра“ повеќе од 22 милиони прегледи и заработи 2,5 милиони лајкови.
Таа решила да и приреди посебно изненадување на мајка си, а претходно се погрижила камерата да ја сними нејзината реакција.
Мама пристигна во болница знаејќи дека нејзината ќерка се подготвува да се породи , но не знаејќи што и се подготвува.
Влегла во собата и дури тогаш сфатила дека станала баба! Таа со својата реакција ги воодушеви корисниците на популарната мрежа.
„Ја изненадив мајка ми. Се породив без да и кажам“, напишала Кејси.
Многумина ја коментираа ситуацијата, опишувајќи ја како „прекрасен семеен момент“ , иако некои ја критикуваа тиктокерката што и рекла на мајка ѝ прво да ги „измие рацете“.