На социјалните мрежи кружи видео од Богота каде што се гледа како избувнува пожар во катна зграда.
Камерата го снимила моментот кога девојка и нејзиното милениче биле спасени од стан на петтиот кат, преку прозорецот, а снимката е многу драматична и истата можете да ја погледнете ОВДЕ.
Локалните медиуми го пронајдоа момчето на видеото, Џефри Круз, кој објаснил дека слушнал врисок од станот над него, погледнал низ прозорецот и видел црн чад. Тој веднаш ги препознал пожарникарите, а потоа се појавил друг сосед кој им предложил да го спасат девојчето.
На почетокот го гледаме момчето како стои на прозорецот, го прифаќа животното, а потоа го внесуваат во нивниот стан. Потоа на ред дошла девојката, но работите не оделе под конец.
Таа некако успеала да се извлече, но спасителот немало начин да ја фати по телото, туку само нозете.
Девојката висела на прозорецот неколку секунди, а потоа ја пуштаат. Нозете и завршуваат во станот, додека грбот и удра во работ на прозорецот. За среќа таа не завршила на земјата.
„Ја држев цврсто, со сета сила и успеавме да ја внесеме во станот“, изјавил Џефри Круз.
Недолго потоа пристигнале пожарникари кои го локализирале пожарот.
„Донесовме одлука да помогнеме и денот добро се заврши“, заклучил храбриот млад човек.