Видео од брод за крстарење кој плови во заливот Котор во Јадранското Море ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.
Поради предвиденото невреме во Црна Гора денеска е во сила портокалов метео-аларм, поради што покрај обилните врнежи се очекуваат и бурни јужни ветрови. А, морничавата видео-снимка од Котор се појави на профил на социјалната мрежа Инстаграм со име @montenegrin.beauty кое покажува дека ветерот, судејќи по налетите од страната на бродот, бил силен.
„Ова е јужен ветер! Настрана шегата, најавени се силни налети на јужен ветер, а можете да видите како изгледа на дело“, стои во описот на видеото кое може да го погледнете ОВДЕ.
Како што можете да видите на видеото, огромниот патнички брод поради силниот ветер се навалил на левата страна и бил во таа позиција долго време. Во еден момент, сепак, успева малку да се исправи, но поради ветрот кој не се „предаваше“, сепак не успеа целосно да биде во нормална положба.
Грозоморната сцена ги шокираше сите кои го видоа бродот во живо, но и оние кои наидоа на видеото.