Дел од седумкатница во населбата Бронкс во Њујорк, се урна претходната вечер, соопштија локалните власти. Според весникот New York Times, две лица се здобиле со полесни повреди.
Работник во блиската самопослуга, Џулијан Родригез, рекол за тамошните медиуми дека бил зад пултот кога слушнал луѓе како врескаат и панично бегаат низ улицата.
„Кога излегов надвор, се што можевте да видите беше ѓубре и облак чад на улицата“, рекол Џулијан Родригез за американските медиуми.
„Можеше да се види внатрешната структура: креветите на луѓето, нивните врати, гардероби, светла… буквално сè“, додал тој.
Одделот за згради во Њујорк минатиот месец го казни сопственикот на зградата со 2.400 долари за штети што би можеле да влијаат на стабилноста на зградата и да предизвикаат „потенцијален колапс“.
Како изгледа делот од срушената зграда можете да погледнете ОВДЕ.