Кинески борбен авион направил „непотребно агресивен маневар“ во близина на американски воен авион над Јужното Кинеско Море во меѓународниот воздушен простор, соопштија во вторникот Соединетите Американски Држави (САД).
Во соопштението, воената команда на САД одговорна за Индо-Пацификот вели дека кинески авион Ј-16 извршил маневар минатата недела и принудил американски авион RC-135 да прелета низ турбуленција.
Вакви пресретнувања се случуваат повремено. Во декември, кинески воен авион дојде на 10 стапки (3 метри) од авион на американското воено воздухопловство и го принуди да преземе маневри за избегнување на судир во меѓународниот воздушен простор.