ВИДЕО | ДРАМА ВО БУГАРИЈА! Огромна експлозија го разбуди ‘заспаниот’ бугарски град – дали Русија е вмешана во инцидентот !?

Во бугарскиот град Карнобат, недалеку од црноморското пристаниште Бургас, во складиштето на еден од најголемите трговци со оружје, Емилијан Гебрев, се случи експлозија, по што следеше пожар, објави соседната медиумска агенција BTA.

Самиот Емилијан Гебрев за бугарските медиуми изјавил дека му е „нејасно што се случило“, бидејќи, како што истакна, во магацинот немало „самозапалувачко производство“, а изразил сомнеж дека таму можеби имало и нелегален бизнис.

Емилијан Гебрев

Инаку, Емилијан Гебрев е „голем трговец со оружје“ и тргува со Украина од 2014 година, како што потврди и самиот во интервју за американскиот весник New York Times. Наводно, во 2015 година, членови на руската воена разузнавачка служба ГРУ се обиделе да го елиминираат Емилијан Гебрев. Имено, по деловниот ручек во април 2015 година, на Емилијан Гебрев му се слошило и бил хоспитализиран.

Тој бил во кома речиси еден месец, а се зборувало дека Емилијан Гебрев „бил отруен со супстанца слична на Новичок“, опасен отров од лабораториите на КГБ. Недолго потоа, во болница бил примен и неговиот син со слични симптоми, а Емилијан Гебрев тврди дека недолго по излегувањето од болницата бил направен уште еден обид да се убие. Сепак, ова не е прв пат под чудни околности да се случуваат експлозии или пожари во неговите воени магацини.

Имено, во 2014 година, откако беше „откриено“ дека Емилијан Гебрев и доставува оружје на Украина, се случило експлозија во еден од неговите магацини во Чешка, во селото Врбетице кај Злин. По истрагата, чешките власти обвинија двајца руски државјани за диверзија, кои се претставиле како потенцијални купувачи, имено Александар Петров и Руслан Баширов, кои се осомничени дека се обиделе да го отрујат рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со „Новичок“ во британскиот град Солсбери. Во јуни 2022 година се случи експлозија во друг магацин на Емилијан Гебрев во Бугарија.

БугаријаЕмилијан ГебреворужјепожарРусијаУкраина