Полицијата во Велика Британија вечерва уапси маж откако се приближил до портите на Бакингемската палата и фрлил предмети кои изгледале како „чаури од сачмарка“ на теренот на палатата, соопшти лондонската полиција.
Откако полицијата го привела мажот околу 19 часот по локално време кога се приближил до портите на палатата, бил поставен кордон околку палатата. Уапсен е поради поседување оружје, објавија британските медиуми, но нема извештаи за повредени во инцидентот.
Полицијата соопштила дека утврдила дека уапсениот поседувал и сомнителна чанта. По извршено вештачење, превентивно била извршена контролирана експлозија.
Кралот Чарлс III и неговата сопруга Камила во тоа време не биле во палатата, објави BBC, додавајќи дека полицијата останала на местото на настанот, а истрагата е во тек.
„Човекот е уапсен под сомнение дека поседувал навредливо оружје“, соопштила полицијата.
Апсењето се случило во моментот кога полицијата и безбедносните служби се подготвувале за крунисувањето на кралот Чарлс III во сабота, кога на улиците на Лондон треба да се соберат големи редови, а на свечената церемонија ќе присуствуваат претседателите на многу земји.