ВИДЕО | ДРАМА ВО МАДРИД – Атлетико победи во последниот напад против Реал Сосиедад

Во натпреварот од 9. коло на шпанското фудбалско првенство, Атлетико Мадрид го победи Реал Сосиедад со резлутат 2:1, а домашниот тим во последните моменти од натпреварот го постигна победничкиот гол.

Домашните поведоа во 22. минута со голот на Самуел Лин, израмни Микел Ојарзабал во 73. минута, а Антоан Гризман во 90. минута од пенал го постигна решавачкиот гол.

Пеналот го изнуди Карлос Фернандез играјќи со рака во шеснаесетникот. 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ГОЛОВИТЕ ТУКА

Во претходниот натпревар Лас Палмас со идентичен резултат го совлада Виљареал на гости.

Саул Коко (45+2) и Марк Кардона (51) погодија за гостите, додека Жерар Морено (90+2) погоди за „Жолта подморница“ .

Атлетико МадридЛа ЛигаРеал Сосиедадфудбал