ВИДЕО | ДРАМА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ – Еди Рама им ја ‘плесна’ вистината в лице на Русите: “Не сакате Володимир Зеленски да зборува ? Запрете ја војната!“

Светските медиуми со нетрпение ја очекуваа конфронтацијата меѓу претседателот на Украина, Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Њујорк за време на Советот за безбедност на ОН, но тоа не се случи.

Володимир Зеленски ја напушти седницата набргу по говорот, а Сергеј Лавров се појави речиси два часа подоцна, во моментот кога требаше да го одржи својот говор и во моментот кога на говорницата беше државниот секретар на САДЕнтони Блинкен.

Володимир Зеленски

Сергеј Лавров го бранеше правото на Русија да користи право на вето во Советот за безбедност на ОН, потсетувајќи на Повелбата на ОН, а потоа енергично ги критикуваше САД за отворено мешање во внатрешните работи на Украина по распадот на Советскиот Сојуз.

Сите факти се турнати под тепих“, вели Сергеј Лавров.

Сергеј Лавров

Пред почетокот на седницата, рускиот амбасадор во ОНВасилиј Небензија, се спротивстави на обраќањето на Володимир Зеленски, а на тоа му одговори премиерот на АлбанијаЕди Рама, со оглед на тоа дека неговата земја претседава со Советот во септември.

@skynews

Russia’s representative at the #UN Security Council took issue with #Ukrainian president #VolodymyrZelenskyy giving a speech to the group. The #Albanian #PM offered a “solution” to the argument – “stop the war”.

♬ original sound – Sky News
Василиј Небензија

Би сакал да ги уверам нашите руски колеги и сите присутни дека ова не е специјална операција на албанското претседателство, туку продолжување на добрата традиција и пракса. Постои решение за ова. Запрете ја војната и претседателот Володимир Зеленски нема да зборува“, саркастично истакна Еди Рама.

Василиј Небензија
АлбанијаВасилиј НебензијавојнаВолодимир ЗеленскиЕди РамаОбединети НацииполитикаРусијаСергеј ЛавровУкраина