Познат гинеколог од Белград, Милан Бракус (51 г.) е уапсен под сомнение дека во петокот вечерта нападнал службено лице додека бил зад воланот на бел автомобил марка Mercedes-Benz, пишува српски Курир.
Во петокот околу 20 часот и 30 минути, на крстосницата од улицата „Милентија Поповиќ“ и булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“ во време кога сообраќајот го регулирале сообраќајните полицајци, се вклучил М.Б.
Гинекологот не ја послушал наредбата на сообраќајните полицајци кои го пренасочувале сообраќајот и со неговото возило нападнал полицаец и почнал да го турка. Инаку, гинекологот е член на партијата на Александар Вучиќ и негов близок пријател.
Како што може да се слушне на наводната видео-снимка од инцидентот која кружи на социјалните мрежи, полицајците му викале да престане, но тој одбил да застане.
По апсењето, М.Б. одбил алкотест, а подоцна било утврдено дека бил позитивен на кокаин.
На гинекологот му е одреден притвор од 48 часа, а потоа е спроведен во Третото основно јавно обвинителство во Белград, каде што бил на распит.
Како што пишува Telegraf.rs, М.Б на рочиштето не изнесел одбрана, а Обвинителството предложило да му биде изречена мерка притвор во траење од 30 дена.