ВИДЕО | ДРАМА НА НЕБОТО – За време на летот избила дива тепачка, насекаде летале тупаници, а морал да се вклучил и персоналот…

Двајца патници на летот на авио-компанијата Ryanair од Малта до лондонски Станстед се степале за седишта – како што објави The Sun, откако едниот одбил да го пушти другиот да помине низ патеката, дошло до туркање, па другите патници морале да интервенираат и на крајот ги разделиле двајца мажи со вжештени глави.

Британецот не го пушти Американецот да помине за да дојде до неговото прозорско седиште… Почнаа да се навредуваат и пцујат, а потоа настана тепачка… Летот доцнеше два часа, сите во авионот бра изнервирани“, рекол еден од сведоците за The Sun.

Агресивното дуо на крајот морало да го раздели персоналот на авио-компанијата Ryanair.

авионинцидент