ВИДЕО | ДРОН СНИМИ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СЦЕНА ВО ФИНАЛНАТА БИТКА ЗА АНДРЕЕВКА – Руски командант се обидува да побегне, но потерата веднаш започнува 

Вооружените сили на Украина водат исцрпувачки битки со руската Армија околу уништениот град Бахмут .

Селото Андреевка повторно е под контрола на Украина и се подготвува теренот за продолжување на напредувањето на јужното крило на Бахмут, кое руската Армија го освои во мај по неколкумесечни тешки борби.

Украина тврди дека руските сили претрпеле значителни загуби во персонал и опрема за време на неодамнешните борби.

За време на офанзивните операции го зазедовме селото Андреевка во областа Доњецк“, соопшти главниот штаб на украинската Армија.

Украинската Армија објави снимка од целосно уништеното село, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Андреевка повеќе не постои, но е важна област. Тоа е најважното. Сега можеме да преземеме понатамошни чекори“, изјави портпаролот на Третата ударна бригада, Олександр Бородин.

Андреевка се наоѓа на подигнато тло, што ќе и овозможи на украинската артилерија да дејствува во таа област“, изјави Олександр Мусјенко, воен аналитичар од Киев.

Заменик командантот на Третата јуришна бригада, Максим Жорин, на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави видео од напад со беспилотно летало врз руските сили, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Во борбите за Андреевка успеавме да заробиме голем број руски офицери и команданти, како и многу војници. Ова е една таква епизода. Рускиот офицер во возилото се обидува да побегне од позицијата, но дронот со камера има други планови за него“, напиша Максим Жорин.

На видеото може да се видат две возила како брзо се оддалечуваат во потрага по спас, но не долго потоа, беспилотно летало удира право во возачката врата на едно од нив.

АндреевкавојнаРусијаУкраина