ВИДЕО | ЕВЕ КАДЕ СЕ НАОЃА НАЈСКАПАТА ВИЛА ВО СВЕТОТ – Ја користел кралот, ‘плива во луксуз’, а денес сопственик е олигарх од Украина – погледнете!

Вилата „Les Cèdres“ на француската ривиера е една од најскапите куќи во светот. Ринат Ахметов, милијардер од Украина, стана почесен сопственик на импозантна вила од античка архитектура со допири на модерноста. За истата плати неверојатни 220 милиони евра, а во меѓувреме нејзината вредност се зголемила.

За споредба, цената на вилата стара 190 години сместена на 35 хектари земја може да купи 10.000 килограми злато или 50 од најскапите автомобили во светот.

Инаку, таа била изградена за тогашниот крал на Белгија во 1830 година. Боите кои преовладуваат на надворешноста се лосос и песок, што е белег на белгиската династија. Имено, нијансите биле под влијание на Кралството Сардинија, кое владеело во тоа време.

20 години откако е изградена, градоначалникот на малиот град Лес Седрес ја купил куќата за да води фарма за маслинки. И денес оваа импозантна вила на својот имот има маслинки стари повеќе од 300 години.

Вила „Les Cèdres

Вилата има неверојатни 1.700 квадратни метри и има 14 спални соби, базен со олимписка големина, библиотека со дрвена облога која содржи 3.000 книги за флората и природата, вештачко езерце со амазонски лилјани, бронзена статуа на Атина, осветлена сала за танц, штала доволно голема за 30 коњи, големи дневни соби и портрети од 19 век во раскошни рамки.

А кога станува збор за локацијата, може да се каже дека е за посакувана. Тоа е во близина на Ница и гледа на брегот на Средоземното Море, а од гледна точка има поглед на Алпите кои ги делат Франција и Италија.

вилаимотФранција