Брачниот советник Рик Нетшиозви откри дека постои јасен знак дека искрата во врската или бракот почнува да изумира. Тој вели дека паровите кои престануваат да се допираат сигурно ќе раскинат на крајот.
„Еден од сигурните знаци за умирање брак е врската без допир. Веќе не се гушкате и бакнувате или не го правите тоа толку често како порано. Можеби спиете на ваша страна од креветот и никогаш не се допирате ниту со нозете на вашиот партнер. Тоа е патот до раскинување“, вели тој во видео објавено на социјалната мрежа Тик Ток.
Ако сакате да бидете сигурни дека работите навистина се менуваат, Рик Нетшиозви советува да го допирате вашиот партнер или партнерка почесто.
„Ако потоа забележите чудна енергија, тоа е знак дека дефинитивно се оддалечувате“, објаснува тој.
Видеото на Рик Нетшиозви е прегледано повеќе од 820 илјади пати и предизвика различни реакции. Некои се пошегуваа дека тоа е само јасен знак дека сакаме добро да спиеме, додека други веруваат дека тоа што го кажува не е вистина. Сепак, има и такви кои се согласуваат со зборовите на Рик Нетшиозви.