„Руската економија е во срање и Владимир Путин одлучи да ја остави таму“, изјави поранешниот министер за економија на Руската Федерација.
Во ретка критика на руското раководство, Андреј Нечаев (70 г.) ги обвини западните санкции, кои беа воведени поради војната во Украина, а кои според него ќе ја турнат земјата во финансиска криза следната година.
Тој исто така вели дека иако западните франшизи како McDonald‘s може да бидат заменети со блини (руски палачинки), тоа не е случај со технологијата, пишува весникот The Times.
Забелешките на Андреј Нечаев на економскиот форум во Екатеринбург оваа недела предизвикаа немир и нервозни насмевки кај публиката, но едно лице собрало храброст и му дало на поранешниот министер овации за неговиот говор.
Според драконските правила донесени од Владимир Путин и Кремљ, оние кои не се согласуваат со официјалниот наратив во Русија се соочуваат со апсење и затвор. Голем број луѓе веќе се уапсени, мачени, па дури и отруени.
Многумина беа принудени да ја напуштат земјата, а оние кои ја доведуваа во прашање руската инвазија на Украина и избраа да останат, се соочија со 15 години затвор според законите кои забрануваат каква било критика на војската или на земјата.
Андреј Нечаев беше на функцијата од 1992 до 1993 година, по распадот на Советскиот Сојуз.
При обраќањето пред присутните на форумот, тој го истакна надминувањето на планот за рускиот буџетски дефицит во првите четири месеци од 2023 година како една од причините за претстојната криза.
Тој вели дека има резерви за финансирање на дефицитот за една година, но дека после тоа државата ќе мора да прибегне кон задолжување.
Тој исто така вели дека Русија се соочува со масовна емиграција, бегство на капитал и пад на приходите од нафта и гас, што е страшно предупредување за властите во Москва.
Ова не е прв пат Андреј Нечаев да излезе со ваков коментар.
Во април 2022 година, тој изјави дека тој и неговото семејство ќе останат во Русија се додека не постои директна закана за неговата слобода. Ова се случи во време кога многумина бегаа од страв дека режимот на Кремљ ќе стане уште порепресивен и дека ќе бидат регрутирани.
Зборувајќи во тоа време, Андреј Нечаев кажуваше реченица што ја повтори на форумот: „Дојдов до прекрасна формула за сè што се случува во Русија во моментов. Проблемот не е во тоа што сме во гомна, проблемот е што избравме да живееме во гомна“.