Една од најатрактивните инфлуенсерки од соседна Србија, Ања Благојевиќ, го објави досега можеби најпредизвикувачкото издание на социјалните мрежи.
Балканската јавност пред извесно време ја запозна инфлуенсерката од Босна и Херцеговина, Ања Благојевиќ, кога најпознатиот јутјубер на овие простори, Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе преку видео откри дека е во врска со оваа девојка.
Ања се занимава со фитнес, снима видеа за Јутјуб и Тик Ток а активна е и на социјалната мрежа Инстаграм каде има околу милион следбеници. Многумина тврдат дека популарноста ја стекнала благодарение на српскиот јутјубер, а други во коментарите пишуваат дека само нејзината згодна фигура е заслужна за популарноста.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НЕЈЗИНИОТ ПРОФИЛ ОВДЕ.
Ања завршила средно економско училиште во Добој, работела и како тренер и зборува англиски и германски јазик. Фитнесот ја интересирала уште од мала, а сериозно тренира од својата 17-та година. Има завршено курсеви за фитнес и исхрана и е сертифициран фитнес тренер односно тренерка.
Ања тотално се има посветено на својот физички изглед, а сега сака да помогне и на другите девојки да изгледаат како неа, па често дава совети за вежбање и исхрана на социјалните мрежи. Таа овој пат објави „летно видео“ каде покажува како се може да се стилизира соодветно костим за капење.
Има папучи и капа, накит околу половината… но сепак во преден план е нејзиното згодно тело кое често ја буди фантазијата кај многумина, а за тоа сведочат и коментарите под нејзините објави на социјалните мрежи.