Воен хеликоптер на Полска ја нарушил државната граница на Белорусија, соопшти граничниот комитет на оваа држава, пренесуваат странските медиуми.
Станува збор за полски хеликоптер Mi-24 кој летал на мала надморска височина и отишол околу 1.200 метри на територијата на Белорусија, а потоа се вратил назад, се вели во соопштението на граничниот комитет на Белорусија.
Инцидентот се случил во близина на Бестовиц во областа Гордњан во Белорусија, а официјален Минск за тоа ги известил полските власти.