ВИДЕО | За прв пат украинската разузнавачка служба го призна нападот на мостот на Крим! Специјалната единица на СБУ организирала големи акции ‘зад завесите’ – русите во паника !?

Првиот човек на украинската разузнавачка служба потврди дека Украина стои зад експлозијата која сериозно го оштети мостот што Русија го користеше за поврзување со анектираниот Крим со својата територија!

Васил Маљук, директор на Службата за безбедност на Украина, седум месеци по експлозијата потврди дека Киев дефинитивно стои зад нападот на мостот на Крим.

Мостот е важен логистички пат кој мораше да биде отсечен од непријателот и моравме да преземеме соодветни мерки“, изјавил Васил Маљук, во интервју со украинскиот новинар Дмитро Комаров на Јутјуб.

Сепак, Васил Маљук не ги открил деталите од операцијата.

Снимката од експлозијата која се случи на 8. октомври минатата година го обиколи светот. Нападот се случи еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин го прослави својот 70-ти роденден.

Официјален Киев засега не го коментираше нападот. Сепак, Васил Маљук во декември навести дека е можно да е вмешана украинската разузнавачка агенција.

Мостот кон Крим, да потсетиме, беше затворен со денови, но подоцна беше обновен и сега е важен за снабдување на руската Армија во Украина.

Васил Маљук кажа дека Украина постапила во согласност со „традицијата на војување“. Тој исто така изјави дека на почетокот на руската агресија пред 15 месеци, СБУ формирале специјална диверзантска единица на украинска територија против руските сили.

Васил Маљук рекол и дека руските власти продолжуваат со „псевдоистрагите“ за нападот на мостот. Повеќе од 20 руски државјани беа осомничени и уапсени под обвинение дека се вмешани во тој напад.

Нападите со беспилотни летала во октомври врз воените бродови на руската Црноморска флота во Севастополскиот залив се исто така дел од специјалната операција што СБУ ја спроведува со украинските вооружени сили“, открил Васил Маљук.

Васил МаљуквојнаКримРусијаСБУУкраина