Генералното собрание на Обединетите нации синоќа со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на сите заложници.
Пред гласањето, Гилад Ердан, израелскиот амбасадор во ОН, предупреди дека оваа декларација ќе донесе смрт и уништување во регионот и дека тоа ќе биде „смртна казна“ за уште безброј Израелци и жители на Појасот Газа.
„Прекинот на огнот значи едно и само едно, а тоа е обезбедување на опстанокот на Хамас, обезбедување опстанок на геноцидните терористи кои се посветени на целосно уништување на Израел и Евреите“, вели Гилад Ердан.
Во таа прилика тој покажа и траспарент во кој се содржани информациите на Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Појасот Газа, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
На траспарентот пишуваше – „За повик за прекин на огнот“ – со прикачен телефонски број и порака: „Барајте го Јахја Синвар“.