Ескалираше конфликтот помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски – кој ќе го јаде гулашот во ВМРО-ДПМНЕ ? Вечерва вонредна политича анализа на емисијата „ВО ЦЕНТАР“.
Ако треба да се направи некаква историска споредба, тогаш ова многу наликува на конфликтот од 2004/05 година односно конфликтот до истребувње помеѓу Никола Груевски и Љубчо Георгиевски. Тој конфликт ескалираше околку претседателските избори и подоцна имаше некоја своја разврска на локалните избори, а овде е обратна ситуацијата, конфликтот почнува на локалните избори и во еден временски период Никола Груевски ја губи контролата врз Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме, Зоран Заев и Јордан Орце Камчев му фрлаат гума за спасување на Христијан Мицкоски и на тој начин останува на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Овој конфликт сега ескалира и ке екполдира во една полна сила.
КАДЕ И НА КОЈА СТРАНА ЌЕ ЗАСТАНЕ ВИКТОР ОРБАН ?
Каде и на која страна ќе застанат македонските медиуми кои се под контрола на Будимпешта односно финансирани од Владата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и како ќе реагира Европската народна партија (ЕНП) ?
Земете пуканки, ова ќе биде битка до истребување, Христијан Мицкоски против Никола Груевски – вонредна политичка анализа на емисијата „ВО ЦЕНТАР“ со почеток од 22:30 часот на јутјуб каналот Васко Ефтов (Vasko Eftov).