Израелската Армија на социјалната мрежа Х (Твитер) објави видео од спасување на мајка и нејзиниот син кои се заклучиле во засолниште за да се сокријат од нападите на Хамас минатата сабота.
„По часови и часови поминати во засолништето за време на масакрот на Хамас, нашата специјална единица ‘Окец‘ на овие мајка и син им ја донесе веста дека се безбедни“, стои во описот на објавата на социјалната мрежа.
На видео-снимката која можете да ја погледнете ОВДЕ се гледаат припадници на специјалната единица „Окец“. Тие во засолништето ја уверуваат жената дека тие се израелската Армија и дека може да им ја отвори вратата:
„Ние сме ИДФ, ние сме ИДФ. Се е добро. Како сте ?“, се слуша како велат припадниците на Армијата во видеото.
Тогаш жената им ја отвора вратата од засолништето држејќи се за глава, а тие ја прашуваат дали има уште некој таму. Таа одговара дека со неа е и нејзиниот син, што може да се види на видеото откако специјалците влегуваат во прифатилиштето.
„Дали треба да има некој друг овде или вие двајца сте таму ?“, прашале специјалците, а жената потврдила дека таа и момчето биле таму сами.