ВИДЕО | ИЗРАЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ЈА ОБЈАВИ НАЈНОВАТА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА БОЛНИЦАТА – “Снимивме се, еве го доказот!“

Израелската комерцијална телевизија Keshet 12 News објави снимка на која се чини дека најмалку една ракета истрелана од Палестинци во Појасот Газа погодува болница на истата територија, јавува Fox News.

На снимката јасно се гледа дека од Појасот Газа биле истрелани повеќе ракети кон Израел. По неколку моменти може да се забележи експлозија во Појасот Газа. Местото каде што се случи експлозијата е некаде на средината на траекторијата на ракетата.

Ова е доказ кој ги потврдува тврдењата на Израел дека ракетите истрелани од Појасот Газа експлодирале во близина на арапската болница ‘Ал Ахли‘ во градот Газа, а не оние од Израел“, изјави ТВ водителот Јонит Леви.

Ова е камерата на нашата телевизија. Тоа е камера лоцирана во градот Нетивот и ова е нејзиниот поглед на Газа. Се гледаат ракетите… испукани над болницата… и се гледа експлозијата. Ова е доказ дека таа дошла од Појасот Газа“, додаде Јонит Леви.

Видео-снимката објавена од споменатата телевизија можете да ја погледнете ОВДЕ.

војнаИзраелПалестинаПојас ГазаХамас