Израелските воздухопловни сили (ИАФ) тврдат дека уништиле напреден систем за откривање развиен од палестински Хамас што се користел за откривање авиони над Појасот Газа.
ИАФ на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека Хамас со години поставувал мрежа на висококвалитетни камери скриени во соларни грејачи низ Појасот Газа за да ги идентификува и следи авионите, пренесува весникот The Guardian.
Објавени се и видеа од изралескиот напад, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.
„Вчера за неколку минути авионите ги нападнаа сите локации поврзани со оваа мрежа и му ја одзедоа можноста на Хамас да направи слика на широкото небо во обид да ги нападне авионите“, соопшти ИАФ во објавата.