Лионел Меси повторно го воодушеви светот.
Во победата на Аргентина во квалификациите за Светското првенство во Перу, Лионел Меси ги постигна единствените два гола на натпреварот.
Интересно е што најдобриот аргентински фудбалер ја доживеа истата судбина како Кристијано Роналдо на натпреварот против Босна и Херцеговина во Зеница. Тогаш еден навивач на БиХ влета на теренот на стадионот „Билино Поље“ за да се фотографира со Кристијано Роналдо, а истото му се случи и на Лионел Меси.
Прво, едно момче втрча и се упати кон Лионел Меси. Тој успеа да ги избегне редарите и да стигне до познатиот фудбалер. И тогаш започна лудилото. Навивачите од неколку страни ги прескокнаа оградите и се упатија кон теренот, поточно кон Лионел Меси.
Погледнете како изгледаше во видеото.