ВИДЕО | ИНВАЗИЈА ОД НАВИВАЧИ КОН ЛИОНЕЛ МЕСИ – Погледнете како славниот Аргентинец се однесуваше со обожавателите на теренот

Лионел Меси повторно го воодушеви светот.

Во победата на Аргентина во квалификациите за Светското првенство во Перу, Лионел Меси ги постигна единствените два гола на натпреварот.

Интересно е што најдобриот аргентински фудбалер ја доживеа истата судбина како Кристијано Роналдо на натпреварот против Босна и Херцеговина во Зеница. Тогаш еден навивач на БиХ влета на теренот на стадионот „Билино Поље“ за да се фотографира со Кристијано Роналдо, а истото му се случи и на Лионел Меси.

Прво, едно момче втрча и се упати кон Лионел Меси. Тој успеа да ги избегне редарите и да стигне до познатиот фудбалер. И тогаш започна лудилото. Навивачите од неколку страни ги прескокнаа оградите и се упатија кон теренот, поточно кон Лионел Меси.

Погледнете како изгледаше во видеото.

АргентинаЛионел МесиПеруфудбал