На социјалните мрежи почна да се шири едно видео од Албанија, градот Драч, кое шокираше многумина. Како што може да се види на снимката која ја објави профилот на социјалната мрежа Инстаграм со име @antidroga07, а потоа и @podgorički_vremeplov, на карпите покрај морето се сончаат еден куп змии, а еден човек пришол да ги сними.
Видеото згрози многумина, особено оние кои не сакаат змии, а исто така познато е и дека многу Македонци летуваат овде, па не би им било удобно да видат вакво нешто.
Неколку змии се лизнале во морето кога човекот дошол да ги сними, а многумина се запрашале за какви змии станува збор, а еден корисник објаснил во коментар за какви змии станува збор: „Иако нивниот модел наликува на еден од отровните, сепак е сосема безопасен, воден вид наречен Natrix tessellata. Присуството на голем број од овие змии во еден локалитет е и показател за големиот број риби со кои првенствено се храни овој вид. Таму веројатно не ги вознемируваат или убиваат луѓе, а немаат многу природни непријатели, поради што се присутни во толкав број. Отровите генерално избегнуваат вода, па затоа ретко е можно да се забележат во непосредна близина или во самата вода“.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
Коментарите под видеото не престануваат, а ова се само дел од нив: „Значи, од денеска Драч е локација која традиционално нема да ја посетувам“, „Ќе се онесвестам само од видеото“, „Што е ова по ѓаволите ?“.